Forum for Elizabeth Guttierez & very much extras


You are not connected. Please login or register

* Биографија *

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Go down  Порака [Страна 1 of 1]

1 * Биографија * on Вто Јун 29, 2010 1:59 pm

- AndReJz


Супер Член
Супер Член
Лејди Гага:

Основни информации:
Родено име Стефани Џоан Анџелина Германота
Роден(а) 28 март 1986
Жанр/ови поп, електронска музика, денс
Занимање/ња пејач, текстописец, музичар
Инструмент/и вокал, пијано, синтисајзер
Стефани Џоан Анџелина Германота (англ. Stefani Joanne Angelina Germanotta), (родена на 28 март 1986), или подобро позната под своето сценско име, Лејди Гага (англ. Lady Gaga) е американска пејачка.
Откако била пријавена и наскоро испадната од Деф Џем Рекордс на 19 години, таа почнала да изведува на музичката рок сцена во ниската источна страна во Њу Јорк. За тоа време, таа исто така работела во Интерскоп Рекордс како пишувач на песни за неколку стабилни имиња, вклучувајќи го и Ејкон, кој, откако ја слушнал Гага како пее, го убедил раководителот на Интерскоп, Џими Ајовин да потпише договор со неа. Нејзиниот деби албум, The Fame (Слава), беше објавен во август 2008 година со голем успех и одлични коментари од критичарите и публиката. Како потврда за во главно позитивните критики, албумот се искачи на првото место во четири земји, исто така искачувајќи се на врвот на Билборд Топ Електроник Албумс. Првите два сингла, Just Dance (Само играј) и Poker Face (Покерско Лице) станаа број еден интернационални хитови, а вториот беше номиниран и за Бест Денс Рекординг на 51. доделување на греми наградите. Во 2009 година, Гага тргна на својата прва турнеја, The Fame Ball Tour. До денеска таа има продадено над 20 милиони дигитални синглови и 3 милиони албуми ширум светот. Во музички поглед, Гага е инспирирана од глам-рокери како што е Дејвид Боуви и Квин, но исто така и од поп пеачи како Мајкл Џексон и Мадона. Таа исто така е инспирирана од модата, за што таа тврди дека е важна компонента за нејзиното пишување текстови и изведби. Таа исто така е многу голем поддржувач на геј заедницата, велејќи дека тие се заслужни за нејзиниот ран успех. Ова е досегашната нејзина кариера, а се надеваме дека ке продолжи пријатно да не изненадува и следниве години.
ПОСЛЕДНИ ПРОЕКТИ:
~ Алехандро / Alejandro Сингл // Завршен.
~ Алехандро / Alejandro Спот // Завршен.
~ „Ти и Јас“ / "You and I" // Реализација на DEMO. ( Во подготовка ).
~ Албум, на кој насловот ке го дознаеме во 00:00 ч. на 31-ви Декември оваа година ( 2010 ) со официјалната Гагина тетоважа која ке ни го открие истиот ( насловот на албумот ) // Во голема подготовка.

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Вратете се на почетокот  Порака [Страна 1 of 1]

Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот