Forum for Elizabeth Guttierez & very much extras


You are not connected. Please login or register

* Биографија *

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Go down  Порака [Страна 1 of 1]

1 * Биографија * on Сре Јун 30, 2010 4:54 am

- AndReJz


Супер Член
Супер Член
ВРЧАК:

Раде Врчаковски-Врчак е роден на 11 ноември 1980 година во Скопје.Тој почнал да се занимава со музика откако се вратил од Америка каде престојувал четири години,односно во 1999 година излегува неговата прва песна,„И повторно сам“ која е прифатена од публиката.Наскоро излегува и неговиот прв албум, „Како да побегнам од се“ кој исто така е прифатен и брзо распродаден.Но наскоро Врчак се откажува од музиката сакајќи да се посвети на медицинскиот факултет.Сепак во 2001 година настапува на Макфест со Андријана Јаневска пеејќи ја песната „Ден по ден“ и го освојуваат 2-то место.Во 2003 повторно се појавува на Макфест но овој пат со Роберт Билбилов. Со песната „Тајните ангели“ го освојуваат 3-тото место.Во 2006 година Врчак повторно се враќа во музичкиот свет со албумот „Во твоето срце“,песните и албумот повторно се прифатени од публиката особено од старите фанови на Врчак. Исто така во 2006 се појавува и на Макфест и победува со песната „Седмо небо“,дует со Тамара Тодевска. Исто така во 2006 ја напиша песната „Нинанајна“ со која Елена Ристевска не претставуваше на „Евросонг“ во Атина и го освои 13-тото место.Неговата слава расте,охрабрен од обожавателите тој се појавува со нови песни во текот на последните месеци од 2006 и целата 2007.Во 2007 повторно настапува на „Макфест“ со Адријан Гаџа со кој ја испејаа песната „Недопирлива“ и освоија награда за најдобар сценски настап.Во 2008 пишува песна за „Избор за песна на Евровизија“.Песната е насловена „Во име на љубовта“,ја пее со Тамара Тодевска и Адријан Гаџа.Победуваат на изборот и одат на Евросонг,но за жал не успеаа да се пласираат во финалето. Во 2010 година на почетокот тој твори нови песни и за албумот на ДНК.

*//*

ДНК:

Днк е група од 2 хип-хопери - DJ Панчо и Андреј ТнТ. Зад себе тие бележат голем успех во ТОП Листите и најпродавани албуми. Последен албум им е - Кажано е се за кој се надеваат дека ке има голем успех, а видеото за Спонзоруша е највртено во овие седмици ( Јуни ).

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Вратете се на почетокот  Порака [Страна 1 of 1]

Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот